Седат Пекер испрати видео порака: Го знам премиерот Заев, сум бил кај него дома

0
27

Турскиот криминалец, Седат Пекер, кој по објавување на аферата „Мафија“ беше посочен како еден од многуте кој добил македонски пасош со лажен идентитет, изјави дека го познава македонскиот премиер Зоран Заев и дека бил кај него дома.

Пекер ова го изјавил во една од видео пораките кои ги објавува на интернет во пресмтка со турската држава која по него има распишано потерница, а пред два месеци изврчи голема акција против неговата банда.

Во едно од видеата Пекер се фали дека бил пријател со македонскиот премиер и со лидерите на сите политички партии во таа земја и дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла само три дена.

Според информациите од билтен на МВР, Пекер бил протеран од Македонија на 19 јануари годинава, а според она што го презентираше ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата за аферата „Мафија“, Пекер четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица во Скопје по што добил македонски пасош со лажен идентитет на Џадин Амедовски од Чаир.