Тетово: Полицијата идентификува и повика на официјален разговор 16 навивачи од ФК Шкендија

0
23

Секторот за внатрешни работи Тетово идентификуваше и повика на официјален разговор 16 навивачи од ФК Шкендија од Тетово и во координација со СЈО-Тетово ќе поднесат соодветни поднесоци против нив.

Тие на ден 16.05.2021 влегле на стадионот во Тетово , додека траеше натпреварот помеѓу ФК Шкендија – ФК Скупи и со тоа ги прекршија правилата за навивање за време на натпреварот, како и предвидените мерки за спречување на ширење на „Ковид 19“.