ТЕТОВСКИ СТУДЕНТИ – ВЛАДАТА ДА ДАДЕ ПОДРШКА НА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД

0
20

Група студенти од Тетово попладнево на градскиот плоштад во Тетово организираа мирен протест за подршка на палестинскиот народ.

Побараа владата на Македонија јасно да застане на страната на народот на Палестина, затоа што како рекоа владата на Израел е вистинскиот терорист.

Протесот беше пропратен со разни пароли меѓу кои –  Македонија е со палестинскиот народ. Организаторите најавија протести и маршеви и во текот на периодов што следи.