ШИФРИ И КОДОВИ ГИ ОСТАВИЈА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ БЕЗ ИНСУЛИН

0
49

Дијабетичари не можат да купат инсулинска терапија. Иако таа е достапна, проблемот е техничи, и веќе трет месец пациенти надвор од Скопје не можат да дојдат до потребната терапија, велат од Сојузот на здруженијата на дијабетичари. Според нив, некои од инсулините во системот „Мој Термин“ се внесени со двојни шифри, поради што инсулинот го има во аптеките, но не може да се купи оти шифрите не се достапни во системот.„ Со исклучок на пациентите од Скопје, сите останати веќе трет месец се без терапијата ‘виктоза’. Тоа значи дека на овие пациенти здравствената состојба им се влошува или се принудени да го набавуваат лекот како знаат и умеат“, рече претседателот на Сојузот на дијабетичари Димче Велев . Од Министерството за здравство пак велат дека пациентите не се оставени без инсулин, кој е достапен во сите инсулински аптеки. „Проблемот со евидентирањето се надминува и во вторник во инсулинските аптеки ќе биде достапна било која терапија за дијабетичарите “ велат од Министерство за здравство.