Алијанса за Алабнците и Алтернатива повторно се заканија дека ќе го блокираат Собранието доколку не биде усвоен законот за државјанство

0
29

Коалицијата Алијана за Алабнците и Алтернатива е одлучна, Законот за државјанство треба да биде усвоен, во спротивно тие се враќаат на блокадата на Собранието. Алијанса и Алтернатива бараат од премиерот Зоран Заев да го преиспита блокирањето на законот за доброто на процесите што следат.

„Апелираме до премиерот сериозно да го сфатат ова прашање во неговата партија и од коалиционите партнери, за ова прашање да биде усвоено што побрзо. Во спротивно, убеден сум дека ќе мора да продолжиме со процесот на блокирање со кој го условуваме политичкото мислење, работите да дојдат на вистинското место. Собранието да го усвои законот за државјанство и да ги реши проблемите на луѓето засекогаш. Ние нема да дозволиме никој да си поигрува со Законот за државјанство”.

Повлекување на предлогот од постапка не доаѓа во предвид. Реџепи вели дека партиите биле навремено информирани за текстот на законот, но наместо амандмани тој вели дека партиите – ВМРО ДПМНЕ и Левица се координирале да го блокираат законот.

“Не во никој случај, нема да се повлече затоа што тоа е заедничко усогласување помеѓу нас и Владата. Истиот е доставен до сите политички субјекти. Сите имале време да размислуваат за измени и во нашите амандмани да се дополни, но не и да се блокира“.

Предлог законот за државјанство усогласен меѓу Алијсна – Алтернатива и Владата предвидува олеснување на постапките за добивање државјанство  со официјален документ или преку натурализација. Предлогот во моментов е во Комитетот за одбрана и безбедност во фаза на амандмани, а Левица и ВМРО ДПМНЕ   3 дена по ред го блокираат нивното читање со процедурални говори.