ВО КАМИОН ПРОНАЈДЕНИ 62 МИГРАНТИ КАЈ ТУНЕЛИТЕ ЈАВОРИЦА

0
22

На 11.06.2021 во 23.30 часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија биле лишени од слобода Х.Ф.(33) и М.Ф.(37), и двајцата од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик.

Имено, при контрола на товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, управувано од Х.Ф., каде како совозач бил М.Ф.(37) биле пронајдени 62 лица мигранти.

Возачот и совозачот од возилото биле приведени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.