Заев: Цела деценија Скопје беше меѓу најзагадените градови, денес загаденоста е драматично намалена

0
31

Цела деценија Скопје беше меѓу најзагадените градови. Денес загаденоста на воздухот е драматично опадната, гледате и самите дека загадувањето речиси и да не беше тема оваа есен и оваа зима. Секогаш кога ќе се преземат мерки има резултати. Тоа секако не е доволно, и Градот, институциите ќе продолжат во оваа насока, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“, која се одржа во Скопје.

 

Тој нагласи дека државата стои зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, кој е капитален проект за градот, а најави и уште неколку проекти и планови.