Македонија успеа да имунизира само 10% од населението, МЗ очекува нови дози на вакцини

0
23

Пред најголемиот пункт за имунизација во државата е речиси полупразно. Нема долги редици и големи гужви бидејќи и нема големи количини на вакцини во земјата.

Иако граѓани реагираат дека се уште не добиле порака за вакцинација, од Министерството за здравство тврдат дека во моментот на располагање има над 83.000 вакцини. Во оваа бројка се донацијата од Турција која веќе ја трошат во пунктовите како и дозите од АстраЗенека што ги донираше Грција но се уште не се распределени. Надлежните тврдат дека овој месец очекуваат поголема пратка но за точните датуми на пристигнување навремено ќе информираат.

Министерот Филипче, пак, уште на почетокот на јуни најави кога треба да ги добиеме 500.000 дози од Синовак. Но прогнозите не се остварија.

-Вчера добив известување од амбасадата на Република Кина дека во следните седум дена треба да ги добиеме 500 000 дози на Синовак.(04.06 2021)

Критика за вакцинацијата и немањето на соодветни ПЦР тестови на адреса на Министерството за здравство упатија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додека во Македонија нема вакцини, тече само процесот на ревакцинација, граѓаните бараат спас и се вакцинираат во соседството, светот сериозно се подготвува како да се справи со новите соеви на корона вирусот.

Новиот индиски сој т.н. „Делта“ според британски извештаи не се детектира со вообичаените ПЦР текстови.

-Тоа би значело дека се потребни нови реагенси за ПЦР тестови за да се детектира овој сој, изјави Марија Андоновска, ВМРО-ДПМНЕ.

Експерти предупредуваат дека мора да се засили темпото на вакцинација за во есенскиот период да избегнеме нови бранови од вирусот.

СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА