МИЦКОСКИ: СЕКОЈДНЕВНО РАБОТИМЕ НА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

0
18

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски не се откажува од намерата да собере поддршка од 61 пратеник за распуштање на Собранието и одржување на предвремени парламентарни избори.

Вели во преговори се со сите политички структури во парламентот, не исклучувајќи ги притоа ниту пратениците од СДСМ. Но, засега без конкретен тајминг кога може да се очекува и формално правна реализација на оваа иницијатива.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на беса, Билал Касами дека неговата партија за локалните избори наесен би коалицирала со секоја партија освен со ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски одговара дека тоа е навреда за политичките конкуренти на БЕСА.

Говорејќи за четирите години власта на СДСМ, Мицкоски вели тоа се четири години украден живот, со тргување со идентитетот, смена на името многу криминал и неправда. Тврди власта не спровела речиси ништо од својата програма. Многу најавени инвестиции останале не остварени, а според Мицкоски, државата пропаѓа политички и економски, образовно и културно.

За најавата на премиерот Зоран Заев за инвестициски бум од осум милијарди евра Мицкоски вели како и претходните најави за голема домашни и странски инвестиции и овие ќе завршат само како бројка напишана на хартија.

Извор Канал5