ОДГЛЕДУВАЛЕ КАНАБИС САТИВА ПОКРАЈ ВАРДАР, УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА

0
26

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16 јуни) околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале “канабис сатива”.

На таа локација се откриени околу 100 стебла-насади “канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.

Пронајдениот “канабис” и повеќе други предмети се фотофокументирани и подигнати за вештачење, а тритте лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за “неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, со кој денеска(17 јуни) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, истакнаа од СВР Тетово