Партиите на Албанците незаинтересирани за Илирида

0
46

На неколку години, од разни политички и општествени преставници се споменува идејата за Илирида, односно за реорганизација на Македонија како конфедерација меѓу Албанците и Македонците. Од ДУИ веат дека се залагаат за Охридскиот рамковен договор, а од Алијанса за Албанците не коментираат.

„Се залагаме за унапредување на правата на Албанците во рамките на институциите на системот“ е коментарот на координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми за повторното оживување на идејата за формирање на република Илирида- конфедерација на Македонците и Албанците.

„Со Охридскиот рамковен договор е направен значителен напредок и ние се залагаме за имплементација на духот на Охридскиот рамковен договор и залагање за сите етнички заедници за подобрување на животот во целото наше мултиетничко општество“, вели Адеми.

Од опозициската Алијанса за Албанците, пак, велат дека немаат коментар за ваквите идеи, наведувајќи дека тие си имале нивна програма и проекти кои треба да ги реализираат.

Веста за повторните барања за формирање на Илирида, што подразбира реорганизирање на државата како конфедерација на Македонците и Албанците одекна од Тетово каде што минатата недела се одржа трибината „Република Илирида – фундаментално решение за функционирање на еднаквоста во РCM“.

Од неа претседателот на Движењето Илирида Неџат Беџети, како што јавуваат медиумите, побарал да се смени положбата и статусот на Албанците бидејќи како што рекол, со меѓународните норми и документи им следувало да имаат автономно управување, а Албанците да имаат Република Илирида.

Овој пат идејата не ја изнесе Невзат Халили, кој е еден од нејзините креатори и првпат ја промовираше на македонската политичка сцена во 1992 година. Халили овојпат бил учесник на дебатата.

Седум години по прогласувањето на Република Илирида

Тој како претседател на Партијата за демократски просперитет ПДП во првата половина од деведесетитте години организираше референдум со кој побара политичка и територијална реорганизација. Државата не го призна референдумот, а по конфликтот во 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2002 година, со години партиите и власта го спроведуваат договореното за унапредување на правата на Албанците.

Прогласувањето на Илирида – несериозен потег

Халили, пак, ја возобнови идејата шест години по рамковниот догово, во 2008 година, кога во Тетово беше потпишана и декларација за формирање собрание на републиката, потег кој самиот тој го оцени како втора етапа по референдумот за автономија од 1992 година.

Идејата за Илирида не се споменуваше потоа, се до 2014 година, кога Халили во Скопје и ја прогласи Република Илирида. Пред група поддржувачи тој пред споменикот на Скендер бег во Скопската чаршија ја прочита декларацијата за независна Илирида која би требала да опфати речиси половина од Македонија. Настанот тогаш политичката и општествена јавност го оцени како маргинален.

Идеи без голема поддршка

На ваквите идеји, кои провејуваат и кај некои помали партии на Албанците, потсетува и политичкиот аналитичар Џељаљ Незири, нагласувајќи дека досега тие не наидувале на поголема поддршка кај Албанците. Програми и платформи за федерализација на Македонија, вели Незири, пред конфликтот во 2001 година имаше и партијата НДП на Кастриот Хаџиреџа, потоа за истото се залагаше и Хисни Шакири и други, но тие платформи досега не добија легитимитет кај Албанците.

„Постојано има такви понуди во албанскиот етнички кампус, но никогаш, ниту во поранешните времиња во кои не беа унапредени правата на етничките Албанци тие не добиваа поддршка така што не верувам дека сега ќе имаат некаква поткрепа ваквите идеи“, вели Незири.

САД и ЕУ ги поддржуваат границите на Западен Балкан

Тој актуализирањето на идејата сега ја гледа во контекст на локалните избори кои треба да се одржат есенва, а на кои има можна најава дека може да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Премиерот Зоран Заев пак коментирајќи го повторното споменување на Илирида , за телевизијата Клан рече дека „одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде Европската унија со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“.

РСЕ