СЕ ЛИЗНАЛ И ПАДНАЛ ОД ГОЛЕМА ВИСИНА, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ВО СКОПЈЕ

0
18

На 02.06.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Д.В.(64) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен трудов инспектор.