Синот на Киро Глигоров: Ситуацијата е хаотична, ЕУ прави голема грешка

0
24

Дезинтеграцијата на Југославија можеше да се избегне со брза европска перспектива, проценуваат експертите за Балканот.

Распадот на Југославија пред 30 години не беше неизбежен, нејзините економски и политички проблеми беа решливи, но за тоа на земјата и требаше перспектива за брз пристап кон ЕУ, беше речено на онлајн дебатата на Виенскиот економски институт (WIIW).

Тој регион, додадоа тие, сега е регион на нерешени проблеми и ЕУ повторно ќе придонесе малку за нивно решавање.

Југославија беше во можност да ги реши своите проблеми, рече економистот од ВИВ Владимир Глигоров.

Синот на првиот претседател на Македонија, Кире Глигоров, рече дека решението требаше да биде демократизација и дека тој вината пред се ќе им ја припише на Србите, но додаде и дека секој има своја улога во распадот на Југославија.

„Демократизацијата беше, најверојатно, клучна“, рече Мојмир Мрак, професор по економија во Љубљана.

Тој рече дека граѓаните на Југославија во текот на седумдесеттите години на минатиот век живееле над нивните можности и дека по смртта на Јосип Броз Тито, економското опкружување станало потешко.

Во втората половина на осумдесеттите постоеше, посочува тој, постоеше идејата за конфедерација, но беше невозможно да се постигне договор. „Не верувам дека конфедерација без изгледи за брз пристап во ЕУ ќе го решеше проблемот“, рече Мрак, кој учествуваше во преговорите за пристап на Словенија во ЕУ.

Глигоров исто така смета дека Југославија била во добра позиција да даде важен придонес кон ЕУ.

„Беше незамисливо некоја друга земја во социјалистичкиот свет пред Југославија да стане членка на ЕУ, доколку не дојдееше до распаѓање“, нагласи тој.

Основачот на косовскиот дневен весник „Коха диторе“, Ветон Сурои, ја критикуваше Србија, велејќи дека распадот на Југославија не започна со отцепување на Словенија и Хрватска, туку, како што тврди тој, со Србија, која го ставила својот устав над југословенскиот.

Денес, земјите од Западен Балкан не само што се географски изолирани и затворени, туку се заложници на нерешени конфликти.

„Ова е регион на нерешени конфликти во триаголникот Србија, БиХ и Косово“, рече Сурои, кој додаде дека не верува дека ќе се случи нешто „драматично“ во интеграцијата на регионот во следните десет години.

Глигоров е исто така песимист и не смета дека ЕУ може да ги реши проблемите на Западен Балкан.

Ситуацијата е хаотична. Ако погледнете во Србија, Босна или Косово, ќе видите збир на проблеми кои постојат многу долго време и нема решение на повидок. „ЕУ направи грешка што не ги награди земјите како Македонија и Црна Гора за нивните напори“, објасни тој.

Глигоров исто така посочува дека заблудата е дека мора да се реши само „српскиот проблем“ и дека другите ќе го решат сами.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ оцени дека проблемот на земјите од Балканот е што тие секогаш одлучуваат за херојство и драма, наместо за функционални држави и предвидливост.