ЦАРОВСКА БЕЗ ОДГОВОР ЗА НАСТАВАТА ОД СЕПТЕМВРИ

0
20

Околу 15.000 матуранти денеска почнаа со полагање на државната матура. Согласно договорот на Министерството за образование со Сојузот на средношколци, матурантите овој пат полагаат два екстерни и два интерни предмети. Министерката за образование Царовска им посака успех на матурантите, а сè уште нема конкретен одговор како ќе се одвива следната учебна година. (Изјава)

„Во моментот кога Владата заедно со Министерството за образование, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе заземе конечен став за отпочнување на наредната учебната година и начинот на кој ќе започне да се одвива, јавноста ќе биде известена.“, изјави Мила Царовска, министерка за образование и наука.

Конкурсот за содржината на дигиталните учебници до каде е, како се одвива, задоволни сте?

„Да, досега сме задоволни со сите процеси коишто се одвиваат за подготовка на следната учебна година во делот на прво и четврто одделение“, рече Мила Царовска, министерка за образование и наука.