ШЕКЕРИНСКА: ИСТОРИСКИ САМИТ НА НАТО, ПОКАЖАВМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КАКО СОЈУЗНИК ЕДНАКОВ СО ОСТАНАТИТЕ

0
18

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со премиерот Зоран Заев, денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на лидерскиот Самит на Алијансата.

„На овој историски самит доаѓаме како делегација на 30-та земја членка која што не чекаше што Алијансата ќе направи за неа, туку сакаше да покаже дека знае и да придонесе. И на Криволак, и во Скопје, и на Балканот и тука во Брисел ја испраќаме пораката дека заедно сме посилни, дека и како мала земја покажавме дека може да вложуваме во регионалната и евроатлантската безбедност и дека решавајќи ги политичките проблеми и вложувајќи во својата и нашата заедничка безбедност можеме да придонесеме како сојузник, еднаков со останатите“, рече Шекеринска во изјава пред почетокот на Самитот.

Ова е прв лидерски Самит на кој македонска делегација учествува како делегација на полноправна земја – членка на Алијансата.

Извор – Цивил Медиа