ШТИПЈАНЕЦ ПУКАЛ ПРЕД ЛУЃЕ ПРЕД ПРОДАВНИЦА

0
25
IM000505.JPG

Млад штипјанец пукал пред луѓе пред продавница, соопшти полицијата.

 

Полицајци од Полициската станица Штип вчера го привеле Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, вчера и завчера пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговиот автомобил „ауди“ од огнено оружје испукал неколку куршуми. На службен разговор се повикани повеќе лица, а со случајот запознаен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.