Меси наместо да се радува, му ги бришеше солзите на Нејмар (ВИДЕО)

0
47

Лионел Меси дефинитивно е легенда каква што тешко дека некогаш повторно ќе има, но не само поради мајсториите на теренот, туку и поради неговиот начин на однесување и големо срце, нешто што го покажа и по синоќешното финале на Копа Америка против Бразил (1-0).

Ѕвездата на Барселона, која во моментов е слободен фудбалер, ноќеска дојде до првиот трофеј во кариерата со „гаучосите“, но наместо еуфорично да се радува по последниот свиреж на судијата, тој замина кај Нејмар да го теши. Играчот на ПСЖ се расплака поради поразот на својата „Маракана“, но веднаш доби утешителна прегратка од лутиот ривал и огромен пријател од спротивниот табор.

https://twitter.com/i/status/1414042531084570625