Новинар на „Ројтерс“ е убиен додека известувал за конфликтот во Авганистан

0
29

Новинарот на Ројтерс Даниш Сидики е убиен денеска додека известувал за судирот меѓу авганистанската армија и талибанците во близина на граничниот премин со Пакистан, соопшти авганистански командант.

Авганистанските специјални единици се бореа со талибанците за да ја преземат контролата врз пазарот во Спин Болдак кога Сидики и висок авганистански командант биле убиени. Официјален претставник за Ројтерс изјави дека истрелите биле истрелани од талибанците.

Сидики од оваа недела беше во авганистанските специјални единици во јужната провинција Кандахар и известуваше за борбите со талибанците.

„Итно бараме дополнителни информации и соработуваме со провинциските власти“, наведуваат во соопштение до јавноста, претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот уредник Алесандра Галони.

“Даниш беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и сакан колега. Нашите мисли се со неговото семејство во ова страшно време”, се додава во соопштението.

Авганистан ги отфрли тврдењата на Талибанците дека го заземале преминот кон Пакистан

Претходно во петокот, Сидики изјави дека е ранет од шрапнел во раката. Тој се опоравуваше кога Талибанците се повлекоа од борбите во Спин Болдак.

„Тој разговараше со трговците кога талибанците повторно нападнаа“, изјави официјален претставник на авганистанските сили.

Ројтерс не беше во можност да ги потврди деталите за обновените борби опишани од анонимниот службеник.

Сидики беше член на тимот на фотографи на Ројтерс, кој ја доби Пулицеровата награда 2018 за документирање на бегалската криза во Рохинџа. Тој е фотограф на Ројтерс од 2010 година и ги следеше војните во Авганистан и Ирак, протестите во Хонг Конг и земјотресите во Непал