Се плаќа патарина, ама не е автопат

0
32
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска при посетата на Општина Тетово изјави дека плаќањето на патарините е од клучно значење за да имаме модерни патишта. Тој овој одговор го даде на новинарско прашање дали ќе се плаќа патарина по пуштањето на нова траса на Автопатот Тетово – Гостивар.

 

-Патарини на автопатите се плаќаат за да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме, за да бидат во добра кондиција, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Општина Тетово

Зошто се плаќа патарина и сега на Автопатот Тетово –Гостивар кој е автопат само на хартија, но не и во пракса затоа што има само две ленти, а поради лошата состојба брзината на движењето е ограничено до 80 километри на час и според сообраќајните експерти во тој случај е само брза сообраќајница каде не треба да се наплатува, Бочварски не даде конкретен одговор. Но, се пофали дека се работи на проект за обиколница  за Тетово која ќе води кон граничниот премин Јажинце, а се размислува и за изградба на патот Тетово – Призрен

Tој додаде дека со 70 милиони евра директна помош за општините се реализира најкрупниот и најзначајниот проект за реконструкцијаа на локалните патишта и улици во сите општини во државата.

ММС