УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

УНИБанка денес на 22.07.2021 година ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво.

Право на исплата на камата имаат лицата кои биле регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.07.2021 година.