ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, 3 ПОВРЕДЕНИ: Тешка сообраќајка кај Св. Еразмо

0
19

Денеска во 14.30 часот во Свр Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на Св.Еразмо, информираат од СВР Охрид за Курир.

-Во незгодата, едно лице го загубило животот, а три се повредени од кои две имаат телесни повреди, тие се префрлени во болницата „Св.Еразмо“, изјави за КУРИР Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.