Настрада уште една скопјанка на електричен тротинет

0
18

Скопјанка завршила во болница откао била удрена од автомобил додека се возела на електричен тротинет, вчера во центарот на Скопје. Ова е втора идентична незгода во Скопје за два дена.

-На 06.07.2021 во 09.00 часот било пријавено дека на булевар Кочо Рацин се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел астра”, управуван од Н.С.(33) од Скопје и тротинет, управуван од В.Д.(54) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, велат од полицијата.

Според МВР, завчера во 13 чaсот било пријавено дека во Чаир на крстосницата од ул.„Македонско-косовска бригада” и ул.„Втора македонска бригада” се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „тојота”, управувано од Б.Х.(74) од Визбегово, и електричен тротинет „ксиаоми”, управуван од Ф.К.(22) од Скопје.

Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.