Потпишан меморандум за соработка помеѓу АВРСМ и ТИРЗ Тетово

0
19

Со цел размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила и намалување на невработеноста во земјава, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија претставувана од директорот Абдуш Демири денес потпиша меморандум за соработка со Нормак Инвестмент Гроуп – Технолошко индустирската развојна зона Тетово, претставувана од генералниот директор Александар Зарков.

-„Зајакнување на формите за соработка со сите институции кои можат да бидат сојузници во нашата основна цел намалување на невработеноста е приоритет во нашето работење. Токму затоа го потпишавме овој меморандум со кој ќе се воспостави директна комуникација помеѓу двете институции со цел креирање на заедничка поддршка на постоечките, а воедно и на потенцијалните домашни и странски инвеститори во Технолошко-индустирската развојна зона Тетово“. -истакна директорот на АВРСМ Абдуш Демири.

Директорот на Нормак Инвестмент Гроуп АД Тетово- Технолошко индустирската развојна зона Тетово, Александар Зарков ја истакна важноста на поддршката која ТИРЗ Тетово со овој меморандум ќе ја добие.

– „Потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Нормак Инвестмент Гроуп / ТИРЗ Тетово и Агенцијата за вработување ќе овозможи подобра меѓусебна соработка во насока на разменa на информации за понудата и побарувачката на работна сила и заеднички придонес за намалување на невработеноста, поготово во Полошкиот регион. Оваа соработка директно ќе вилјае на олеснување на процесот за вработување за потенцијалните баратели на работа од различни профили.“- потенцираше генералниот директор на Нормак Инвестмент Гроуп Александар Зарков.

Агенцијата за вработување продолжува посветено работи на својата мисија успешно да посредува на пазарот на трудот преку развој на високо квалитетни услуги според потребите на клиентите, со усовршување на сопствените знаења, вештини и способности и воспоставување на партнерски односи со учесниците на пазарот на трудот.