СЛУЧАИТЕ НА КОВИД РАСТАТ, ФИЛИПЧЕ НАЈАВУВА 3 ДОЗА ВАКЦИНА

0
18

81 нов случај на Ковид-19, при направени 5.315 тестирања во последните 24 часа, нема починати, а оздравени се 12 пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека будно се следи состојбата но посочува дека трендот на појава на нови соеви на коронавирусот нема да запре.

Филипче вели има зголемување на бројот на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него, нема притисок ниту во болниците ниту во амбулантите.Во зависност од состојбата, рече дека можно е да се даде и препорака за трета доза од вакцините против коронавирус, како и рестрикции против невакцинираните.

Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења по однос на состојбата со новите соеви, едни се за рестрикции, други се уште сметаат дека нема потреба, а трети ковидот не ги плаши.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 171, а потоа следуваат Тетово – 135 и Куманово – 59.