Таравари: Би прифатил да се кандидирам иако немам посебна желба повторно да бидам градоначалник

0
18

Алијанса на Албанците интензивно работи на терен во пресрет на претстојните локални избори, соопшти денеска генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари во гостувањето на Сител.

Тој не сакаше да открие кои негови сопартијци ќе се кандидираат за градоначалници.

-Претседателот Села кажа дека тој би посакал повторно да продолжат тие три градоначалници. Меѓутоа, повторно ви велам, бидејќи се работи за сериозна партија, тоа го одрлучуваат Собранијата на ограниците, тие кандидираат и тие избираат кој ќе биде. Меѓутоа, барем во Централното претседателство разговаравме, бидејќи се работи за три општини, кадешто ако ги гледате анкетите, како стои АА, па и резултатите од парламентарните избори во 2020 година, доминираме апсолутно. Се надевам дека повторно ќе ни се даде мандат на нас, кои раководиме со три општини. Меѓутоа, дефинитивно тоа го одлучува Собранието на огранокот во одредена општина, конктретно во Гостивар, Боговиње и Врапчиште. И тоа потоа мора помине на Централното претседателство, рече Таравари.

Прашан дали би прифатил повторно да се кандидира за градоначалник, рече анкетите покажувале оти АА има поддршка во Гостивар.

-Јас би прифатил, иако ако ме прашувате лично не би имал некоја желба да продолжам. Сметам дека еден градоначалник може да покаже сѐ што знае за четири години и нема потреба од втор мандат. Меѓутоа, партијата е во еден период кога претендираме да имаме барем седум-осум, девет или десет општини. Имаме релативно добри кандидатури, рече Таравари, откривајќи дека најверојатно четворица или петмина од кандидатите се доктори по професија.