Акциска контрола на мотоциклисти, казнети 38 лица

0
20

Вчера на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 38 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-19).

Најголемиот број од прекршоците (26) се однесувале на неносење на заштитен шлем (ТЕ-12 и ГВ-14), додека 6 мотоциклисти (ТЕ-5 и ГВ-1) управувале без возачка дозвола, 4 (ГВ) со истечена осигурителна полиса, а 2 направиле други видови прекршоци. Сите прекршители се санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци. Инаку, вчера на поширокото тетовско подрачје биле санкционирани уште 6 други лица кои управувале моторно возило, а не поседувале возачки дозволи, меѓу кои и еден малолетник“, информираат од МВР.