ВИДЕО – ТИВАТ И БУДВА ОПУСТОШЕНИ ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ: Повредени се тројца туристи од Чешка

0
38

Ветрот безмилосно корнел цели дрвја на Црногорското приморје. Има тројца повредени туристи во Тиват, а под вод а е целосно и Будва.

Невремето што ја зафати Црна Гора, нанело огромни штети во автокампот „Бова“ кај Тиват, а ураганскиот ветер корнел големи дрја додека поројниот дожд и град го преплавија Тиват. Паднатите дрвја уништија три камп приколки во Бова и оштетија автомобили.

Водоводните и електричните инсталации се оштетени, па кампот остана без електрична енергија и вода. За среќа, сите навреме беа евакуирани во блиската куќа на семејството Вуковиќ, сопственик на кампот, кој им помагал на своите гости. Само двајца чешки туристи претрпеа полесни повреди.

 

Според снимките од социјалните мрежи, може да се види дека многу улици во Будва биле под вода, а имало и автомобили кои биле заглавени во водата. Слична беше ситуацијата и на улиците во Подгорица.

Фактор