Во Македонија забележан и случај на заразување по третпат со коронавирусот

0
24

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, до 22 август, во Македонија имало 351 случај на повторно заразување со коронавирусот. Но, на еден од овие случаи моменталната зараза му е всушност, трета.

Од сите овие, вкупно 22 лица имаат пријавено реинфекција по примени две дози вакцина.

Четири од пријавените случаи на реинфекција завршиле со смрт.