Во Тетово 10 починааа од Ковид 19, 120 хоспитализирани. Апел за вакцинација да си ги спасиме животите

0
36

Во последните  24 часа 10 лица од тетовско ги загубија животите како последица од вирусот, потврдија надлежните од болницата.

Вкупно се хоспитализирани 120 пациенти, од кои 9 вакцинирани со 1 доза, а со две дози тројца пациенти.

Има 118 пациенти на кислород , а на респиратор двајца.

За 24 часа евидентирани се 245 амбулантски прегледи.

Од Тетовската болница апелираат до сите граѓани уште во првиот момент кога имаат симптоми, да се пријават кај матичниот лекар бидејќи последиците се тешки.