Грција урива рекорди со бројот на заразени

0
22

Соседна Грција урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот.

По скоро четири месеци повторно има повеќе од 4.000 новозаразени. Има вкупно 4.181 случај, а починаа 19 луѓе, додека 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Од новите случаи, 1.238 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 710 се на островот Крит, а 337 во Солун. Поради зголемениот број новозаразени во градот Ираклио на Крит, од утре се воведува полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти преку целиот ден. Во Грција досега се регистрирани вкупно 521.399 случаи на коронавирусот, а починаа 13.118 луѓе. Ниту туристите нема да бидат поштедени