Дебарската полиција поднесе кривични пријави за тепачите во Центар Жупа

0
18

Поради основно сомневање за сторено казнено дело насилство, ОВР Дебар поднесе кривични пријави против четворица дебарчани кои пред слаткара во Центар Жупа физички нападнале нивни сограѓани.

Како што информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски лицата Б.А. (30), Б.К.(30), З.А.(35), и Ш.Л. (26), од Дебар, со тврди предмети ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д.(18), Е.Д.(19), од селото Голем Папрадник, при што нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, што е константирано и во Општата болница во Дебар.

Станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија, информираат од дебарската полиција, додека причината наводно била нивни тамошни нерасчистени сметки.