И ОФИЦИЈАЛНО: ЕУ ја стави Македонија на црната Ковид листа

0
48

Членките на ЕУ денеска се согласија да ги отстранат САД од ковид-листата на безбедни земји, што значи дека патниците од САД и пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин.

Израел, Косово, Либан, Црна Гора и  Македонија, исто така, се отстранети од листата на безбедни земји поради зголемениот број на заразени случаи со Ковид-19.

Целта е да се усогласат правилата за патување во ЕУ, иако не се обврзуваат членките кои слободно ја спроведуваат својата гранична политика.

Некои земји, како што се Германија и Белгија, веќе ги означија САД со црвено и бараат тестови на коронавирус и карантин, додека Франција и Холандија ги сметаат САД за безбедна земја.

Списокот се базира на епидемиолошката состојба во секоја земја, но реципроцитетот е исто така еден од факторите.