149 бегалци од Авганистан пристигнуваат вечерва во Македонија

0
24

Владата соопшти дека вечерва на аеродромот во Скопје пристигнува првата група бегалци од Авганистан.

На аеродромот во Скопје вечерва ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан кои македонската влада одлучи да ги прими на барањето на САД.

Се работи за група од 149 луѓе за кои е обезбедено сместување во хотели на периферијата на Скопје. Станува збор за луѓе вработени во Меѓународните организации, како и нивните семејства. Ова се луѓе чии животи биле загрозени од талибанскиот режим.

По се изгледа, оваа група луѓе утринава успеале да влезат во аеродромот, а потоа да ги поминат и безбедносните контроли со потребната документација.

Во Македонија ќе им биде напарвен ковид тест и понудена вакцина против ковид 19.

Владата претходно најави дека во земјата се очекуваат вкупно 780 бегалци од земјата која влезе во нова фаза на нестабилност откако талибанците повторно ја освоија власта.