Општина Тетово – И повеќе од двојно имаме количини на комунален смет собран на дневна основа, затоа изминатиот период Тетово се гушеше во смет

0
20

И повеќе од двојно имаме количини на комунален смет собран на дневна основа, затоа изминатиот период Тетово се гушеше во смет. Состојбата сега е подобрена, велат од Општина Тетово.

Со дополнителни ангажирања на комунални работници како и поставување на нови контејнери за отпад, состојбата со комуналниот смет во градот е значително подобрена. Според општинските власти, хаосот со сметот во месеците јули и почетокот на август секоја година се повторува, затоа што во овој период од годината во Тетово има илјадници жители повеќе со доаѓањето на печалбарите.

Општинските власти апелираат граѓаните да бидат поодговорни да не фрлаат смет насекаде, а ако забележат некаде дива депонија или купишта на на отпад, веднаш да се јават до комуналното претпријатие со цел да се интервенира.

Мини дивите депонии во Тетово се вообичена слика во градот во текот на целата година. Некогаш не толку забележителни, но некогаш со големи еколошки последици како минатиот месец, кога речиси во секое тетовско мало имаше мини дива депонија, а низ градот се ширеше неподнослива смрдеа.