СДСМ: Мицкоски коалицира со луѓе кои ги нарекуваше предавници

0
18

Коалицијата помеѓу Мицкоски, Села и Гаши е осудена на пораз и пропаст. Ова е првичната реакција на владеачката СДСМ по објавата дека ВМРО-ДПМНЕ  на претстојните локални избори ќе настапат во коалиција со Алијансата за Албанците и Алтернатива. Социјалдемократите се убедени дека нивната коалицијата убедливо ќе победи на локалните избори  бидејќи според ќе понудат јасна, конкретна и остварлива програма.

СДСМ

„Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“ и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април.“

Од владеачкиот коалициски партнер ДУИ за Алсат велат дека реакциите кои ги чуле во јавноста, се дека гласачите на опозициските партии од албанскиот блок се шокирани од радикалната идеолошка промена на Гаши и Села.

ДУИ

„Коалицијата „27“ е ексклузивна работа на лидерите на трите партии за тесни индивидуални интереси за спас и воопшто не ги зелe предвид нивните гласачи. Ниту еден гласач од Алтернатива или Алијанса не е прашан дали е среќен за спојување, гласање и кампања со ВМРО ДПМНЕ и обратно.

Но опозиционерите охрабрени по обединувањето со партиите од албанскиот блок и порачуваат на власта дека ги чека тежок дебакл на изборите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека станува збор за историски момент за сите граѓани на Македонија. Мицкоски вели дека ќе се поддржуваат на ниво на градоначалници.

„Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива – Алијанса ќе има кандидат за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно. Таму каде што ќе има ВМРО-ДПМНЕ коалицијата Алтернатива – Алијанса да не кандидира. Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста и немањето визија и стратегија за развој на Македонија.  “

Првиот круг на локалните избори е на 17 октомври