24 возачи возеле дури над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово

0
29

Денеска (25.08.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 39 возачи. Од нив, 24 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштатс во Полог и пошироко.