Годинава на трпезите ќе немаме тетовско гравче – Жештините го сотреа родот

0
36

Високите температури го уништија тетовското гравче. Земјоделците велат дека над 90 % од родот е сотрен. Добро е ако има за семе за наредната година.

Највисоките температири кои ја зафатија Македонија и тетовско беа во периодот кога се врзуваше меунката,како што ни раскажаа земјоделците. Плодот не издржа, наместо да се развива, од жештината се уништи, а годинава на трпезите нема да се јаде тетовски грав.

 -Јас годинава имам декар ипол засадено со грав , но немам ни за семе.Во Долно Седларце од каде што сум јас и Брвеница има околу 1000 хектари и од тие 1000 хектари нема ништо, најверојатно ќе се увезе сега грав, нема друго решение. Не е проблем наводнувањето. Температурите високи го горат родот. Се промени климата и на таа температура не може да опстане на 45 степени целзиусови.Јас засадувам од се по малку магдонос, боранија и родот не е лош, ние имаме наводнување од каналот, да не е каналот тоа ќе биде катастрофа, а кај што нема наводнување е лошо. Поради топлото време го снемува гравот. Пред 20 години имало над 3000 хектари во Општина Брвеница, сега има двојно или тројно помалку. Сега младиве не работаат по ниви, ние генерациите што сме останале го работиме затоа што за продажба има баран е, но еве не раѓа, климата го уништи, вели Саше Ѓорѓески земјоделец од тетовското село Долно Седларце.

Експертите велат дека климатските промени удрија по повеќе земјоделски производи. Има начин истите да се спасат , но потребно е вложување.

-Ние порано нишки грав имавме тој порано стасува и тој грав може да ги избегне високите температури. Но тоа не е економски исплатливо, сепак се работи за наш бренд кој е доста баран и поскап на пазарот, а исто нашиот тетовски грав се засадува заедно со пченка што иста така го прави економски исплатливо. Можеби треба гравот да се покрива со заштини мрежи да се намалат сончевите зраци, но тоа се вложувања кои ретко која сака да инвестира, особено индивидуалните земјоделци.Затоа треба да има окрупнување на земјоделците, затоа што вака на мали површини не се исплаќа,а со окрупнување на површините односно здружување на земјоделците ќе имаме поголеми шанси за вакви, но и за други инвестиции со што би имале поисплатливо земјоделство, рече  Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово.

Поради климатските промени површините засадени со грав од година вгодина се намалуваат.

ммс