Жител на селото Џепчиште заразен со ковид се шетал во тетовско

0
16

Жител на селото Џепчиште, иако бил заразен со коронавирусот, сепак се шетал во тетовско.

Полицијата поднесе кривична пријава против Х.С.(51) од Џепчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.

На 13 август,  полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на коронавирусот.

Во Тетово и Гостивар, но и во другите градови имаше вакви случаеви. Имаше и случаи каде заразени од тетовско и гостиварско заминуваа во странство, наместо да седат во изолација