Кој ќе биде повикан на распит за тендерите за изградбата на модуларната болница во Тетово

0
18

Обвинителството за гонење на криминал и корупција засега нема повикано сведоци на испрашување за тендерите за изградба на модуларната болница во Тетово. Шефицата на Обвинителството Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа вели дека тие ја разгледуваат документацијата, ја анализираат и сега треба да се одлучат што понатаму.

„Стварно однапред не можам да кажам. Дали воопшто има одговорност прво треба да се види. Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници или во тој дел ако е повреден тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово“, вели Русковска.

Како што е познато, проектот за модуларната болница го почна компанијата Брако на екс вицепремиерот Кочо Анѓушев. Доколку е прекршен законот за јавни набавки, Рускоска вели дека потоа ќе одлучуваат кого ќе го повикаат на распит и кој ќе биде повикан како сведок.