Мицкоски: Граѓаните да излезат масовно и да се попишат

0
19

Одговорни за законито и точно спроведување на пописот е Владата и ДЗС. Се останато во овој процес е фоклор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, тоа што го направи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период е можноста во почетокот на годината да се одложи пописот за сега.

Со денешното реализирање, можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме пописот, бидејќи ќе имаме фингерпринт терминали. Тоа ќе биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле како што треба пописот. Мојата порака е граѓаните да излезат масовно и да се попишат. Го повикувам македонскиот народ да не ги слуша и да не потклекнува на антимакедонските елементи на македонската политичка сцена, кој што во овој момент сакаат да внесат бојкот, потенцира Мицкоски.