На Крит имало повеќе земјотреси, најмалку една жртва

0
52

На грчкиот остров земјата утрината се тресеше во повеќе наврати. Најсилниот потрес беше со магнитуда од 5,8 а епицентарот му се наоѓал во близина на градот Ираклион. Сејавува за најмалку едно загинато лице.

Неколку земјотреси го погодија утрината грчкиот остров Крит, a најсилниот бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавија грчките медиуми. Пријавена е материјална штета. Во Ираклион е наредена евакуација на училиштата и сите институции. Најмалку едно лице загина во земјотресот.

Во прашање е градежен работник кој работел на обнова на црквата во селото Аркалохори, пренесува весникот Катимерини. Тоа го потврди и градоначалникот на Аркалохори кој наведе дека во селото се оштетени две цркви и други згради. Според неговите зборови, заробени се две лица, едно во црквата во која се срушила куполата, а второто во својата куќа.

Првата пореценка на Геодинамичкиот институт за земјотресот кој денеска утрото го погоди Крит со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, бил со епицентар 78 километри јужно од Ираклион, најголемиот град на островот. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар проценува вибрација на 6,2 степени, пишува Катимерини.

Според првичните извештаи, епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Наредните измерени потреси биле со 3,8 и 4,5 степени. Сведоците и локалните медиуми тврдат дека земјотресот траел долго и оти силно се почувствувал не само во Ираклион туку ширум Крит, а и на островот Санторини.