После подолго време во тетовско нема евидентирано починат пациенти.

0
16

После подолго време во тетовско нема евидентирано починат пациенти. Состојбата се стабилизира, но потреба е што поголема дисциплина од граѓаните ако сакаме колективен имунитет со почитување на протоколите, но и помасовна вакцинација

После три недели со голем број починати пациенти меѓу кои и млади во Клиничката болница Тетово, изминативе 24 часа нема евидентирано починат пациент. Се намалуваат и бројот на хоспитализирани пациенти и амбулантски преггледи. Докторите велат дека добрите вести се резултат на се помасовната вакцинација, но и зголемувањето на свеста кај населението од тетовскиот регион ,

Инаку изминативе 24 часа има 9 нови приеми на пациенти позитивни на Ковид 19, 13 исписи, 135 амбулантски прегледи , што е за двојно помалку за разлика од пред десетина дена, кога вирусот во тетовско беснееше.