Тргнале за Германија со автобус со фалсификат ПЦР тестови

0
36

Полициски службеници од СВР Куманово од Одделот за криминалистичка полиција, при отсекот за економски криминалитет при контрола на автобус на туристичка агенција кој патувал кон Германија, со вкупно 50 патници, кај 19 се откриени фалсификувани ПЦР тестови.

По проверките констатирано е дека станува збор за фалсификувани ПЦР-тестови, што патниците ги набавиле од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест.

Од МВР додаваат дека по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.