Блажевски – Посветуваме особено внимание на заштита на животната средина

0
19
Расчистување и дислоцирање на дивите депонии во сите населени места и создавање на урбан простор, со засадени дрвја и зеленило и оградување на просторот се со цел да не се создаваат нови диви депонии.Изградба и ревитализација на постоечки паркови во сите населени места. Зголемување на зелените површини и редовно одржување на постоечките јавни зелени површини во сите населени местал, е дел од Програмата за работа 2021 – 2025 година на кандидатот за градоначалник за Општина Јегуновце од СДСМ Дарко Блажевски

-Редовно собирање и транспорт на сметот од секое домаќинство. Особено внимание ќе посветиме на чистиот воздух преку редовни контроли на индустриските објекти и поставување на филтри на индустиските капацитети се со цел да не го загадуваат воздухот.Редовно чистење, метење на улиците и јавните површини, засадување на дрва, миење на улиците, дезинфекција, прскање против комарци се дел од активностите што редовно ќе се реализираат потенцираше Блажевски