Викендов почнува зимското сметање на времето

0
29

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 31 октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Последните години во Европа, се води дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако беше најавено дека тоа ќе се случи, сепак се уште Европа не донела таква одлука.