Викендот студено, а од понеделник дожд

0
22

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.

 

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени, прогнозира Славчо Попоски.

 

Потоа за време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и сончево време. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -4 степени, со што локално и понатаму ќе има појава на мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени. Промена на времето, проследена со зголемување на облачноста, врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од југоисточен правец ќе имаме во почетокот од следната недела, односно во вторник.

СП