Во Арачиново украле храна од партиски штаб

0
19

Неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичка партија во село Арачиново, при што влегле и одзеле прехранбени производи.

За ова денеска соопшти полицијата, од каде информираат дека случајот е пријавен вчера во 21.19 часот. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додаваат од Министерството за внатрешни работи.