Во Дрисла се горел опасен отпад без соодветна инсталација, потврди Стојковски

0
19

Комуналното претпријатие Дрисла има забрана да врши прием и третман на повеќе видови опасен отпад помеѓу кои отпад од пестициди, киселини, бази, опасен отпад што содржи жива, поради непоседување инсталација за третман или преработка на таков тип на отпад.

Од Државниот инспекторат за животна средина добиле рок од 90 дена, а преостанат е уште еден месец од истиот, за тие да поднесат барање за измена на интегрираната дозвола и да ги раскинат сите договори за прием на таков отпад – во спротивно ќе бидат парично казнети.