Во Тетово намален интересот за вакцинација за десет пати

0
21

Последниве неколку недели трендот за вакцинација е драстично намален, тоа се должи пред се на фактот на тоа што, тие што сакале да се вакцинираат се веќе вакцинирани, а и падот на новозаразени, има влијание на падот на побарувачката за вакцинација, велат од Здравствениот дом Тетово

-Ние започнавме и со трета доза за здравствените работници, за лица над 60 години и лица со хронични болести. Во јули месец имавме 20 % на имунизирани и тој процент до почетокот на септември го зголемивме над 40 %, рече рече Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово

Од Кризниот штаб на Општина Тетово и здравствените работници, апелираат граѓаните што помасовно да се вакцинираат.

-Во двата пункта за вакцинација и ревакцинација во Тетово, на располагање ги има сите видови вакцини, а граѓаните слободно без да закажуваат термин можат да дојдат да се имунизираат, истакна градоначалникот на Општина Тетово Теута Арифи

Инаку состојбата со вирусот во тетовско е стабилизирана. Има само 5 хоспитализиѝрани пациенти, а за едно деноноќие имало 14 амбулантски прегледи