Да не дозволиме ВМРО во Гостивар да одлучува кој ќе победи, истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети од гостиварско Форино. 

0
21
Повторно освоивме над 50 проценти од гласовите на Албанците и не може ВМРО ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди, посочи во своето обраќање лидерот на Демократската унија за интеграција од предизборниот митинг од гостиварско Форино.

Тој придружуван од членови на потесното раководство на партијата на средба со мештаните зборуваше за важноста од обединувањето, особено по првиот круг од локалните избори.

-Денеска го имаме Националниот парк Шар Планина. Ракот е во воздухот што сите го дишат, нашата агенда предвидува да има најчист воздух. Дури и со отпадот мора правилно да се управува. , потоа следува гасификацијата на полошко, а исто така важен проект е новиот автопат Тетово – Гостивар. Сите проекти бараат посветеност и експерти. Овие проектите се за доброто на сите во оваа држава,. Ние сме достоинствен народ. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник а тоа се гледа во првиот круг од локалните избори и тие гласови кои го добивме ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население..Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку, изјава Али Ахмети претседател на ДУИ

Како и на претходните средби, во предизборните активности за вториот круг, Ахмети побара од граѓаните да ги кажат нивните проблеми и слободно да критикуваат, доколку не се задоволни од нивното работење.

На средбата се обратија првиот вицепремиер Артан Груби и собранискиот спикер Талат Џафери. Побараа поддршка за победа на Невзат Бејта кандидатот за прв човек на Општина Гостивар од редовие на ДУИ.